Бугарија - Македонија: Од прво признавање на независноста до вето на преговорите со ЕУ

Премиерот Кирил Петков денеска ќе престојува во Македонија, веднаш по формирањето на новата Влада. Пред посетата Петков рече дека доаѓа со конструктивен тон и подготвеност за еден нов почеток, кој ќе биде подинамичен, попрактичен и насочен кон конкретните важни прашања.

Ова се најважните датуми кои ги одбележаа меѓусебните односи во изминатите 30 години, од признавањето на независноста на Mакедонија.

На 15 јануари 1992 година Бугарија беше првата земја што ја призна независноста на, тогаш Република Македонија, во време кога претседател на државата беше Жељу Желев. Тогашниот премиер Филип Димитров објави дека бугарската Влада одлучила да признае четири од републиките од поранешната Југославија, а одлуката ја поддржале сите партии во Собранието.

Владата на Република Бугарија ја признава независноста на Словенија, Хрватска, Македонија и Босна и Херцеговина“, објави Надежда Михајлова, портпаролка на Владата во Софија.

На 22 февруари 1999 година во Софија е потпишана декларацијата за добрососедство меѓу двете држави. Потписници беа тогашните премиери Иван Костов и Љубчо Георгиевски. Во декларација се уредува и „јазичниот спор“ кој претходните 7 години го блокираше потпишувањето на десетина меѓудржавни спогодби. Во Декларацијата стои дека ќе се потпише на официјалните јазици на двете држави, според нивните устави.

На 29 јули 2009 година беше случајот со Спаска Митрова, за кој што Бугарија тогаш објави дека ќе биде критериум за оценување на македонскиот напредок за членство во ЕУ.

На 1 август 2017 година премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев во Скопје го потпишаа Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија. Договорот предвидуваше Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, заеднички чествувања на личности и настани од историјата, двете држави да немаат територијални претензии една кон друга и да преземат мерки за недобронамерна пропаганда.

На 24 мај 2018 година во Рим за првпат делегации предводени од премиерите на двете земји, Борисов и Заев, заедно го чествуваа Денот на словенската писменост и положија цвеќе на гробот на Свети Кирил во базиликата „Св. Клементе“.

На 4 јули 2018 година се одржа првата седница на Заедничката комисија за историски и образовни прашања.

На 17 ноември 2020 година Бугарија стави вето и го блокираше почетокот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, откако не ја одобри преговарачката рамка за земјава.

 

 

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе