Од понеделник

Бугарија ја затвора границата со Македонија за превоз на гориво од отпад

Бугарија од понеделник ја затвора границата со Македонија за превоз на цврсто гориво добиено од отпад, најави бугарскиот министер за животна средина и води, Емил Димитров.

Емил Димитров

„Во Северна Македонија во Парламентот е донесен закон за забрана на увоз на отпад кој може да се согорува и користи како гориво. Бугарија исто така ја затвора границата со нашиот западен сосед за внесување цврсто гориво од отпад“, ја пренесува бугарската ТВ Европа изјавата на Димитров.

Според него, од понеделник ниту од Бугарија кон Македонија, ниту од Македонија кон Бугарија нема да се пренесува таков отпад. Димитров најави дека дополнително ќе се занимава со прашањето за рециклирање на отпадот, бидејќи во моментов бил концентриран на отпадот за гориво. Тој уште кажал дека Бугарија ќе го менува законот за управување со отпад.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе