ВМРО-ДПМНЕ предлага референдумското прашање да гласи: Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија објавен во Службен весник бр. 12/2018 од 18 јануари 2018.
Според проценките на партијата, целата процедура околу собирање потписи и собраниска одлука за распишување на референдум и референдумот би требало да заврши на пролет наредната година.
За да има референдум треба да се соберат 150.000 потписи и да помине собраниската процедура, а за да биде референдумот одлучувачки треба да излезат најмалку 51 отсто од гласачкото тело или 910 илјади гласачи.
Мицкоски е дециден дека ВМРО-ДПМНЕ не е против тоа Бугарите да бидат дел од Уставот, но потенцира дека договорот е асимилаторски и дека треба да се напушти.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ верува дека ќе нема опструкција во Собранието, но иницијативата ќе помине таму. За да успее референдумот тој апелира и бара поддршка за македонскиот народ од нивните соседи Албанци, Роми, Турци, Срби, Бошњаци... кои треба да излезат во одбрана на идентитетот на нивниот сосед - Македонецот.
Доколку референдумот е успешен и треба да се напушти Договорот со Бугарија, Мицкоски рече дека може да се преговара за нов договор, но и дека преговорите со ЕУ може да продолжат.