Бугарија ги блокира ЕУ заклучоците за цел западен Балкан

Според дипломатите со кои разговараше МИА во Брисел, пред неколку часа е донесена одлука да се повлече дискусијата за проширувањето и за преговарачката рамка за Албанија поради тоа што Бугарија бара во крајните заклучоци за Северна Македонија да биде внесен пасус од јули 2018 година кој гласи „ова треба да им стави крај на сите барања базирани на погрешна интерпретација на историјата".

Освен блокадата за преговорите помеѓу ЕУ и Северна Македонија, Бугарија бара уште еден пасус поврзан за историјата кој земјите членки на ЕУ не можат да го прифатат. Поради ова виси во воздух усвојувањето на заклучоците за сите земји од западен Балкан, јави дописничката на МИА од БриселОваа реченица стои во заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2018 по склучувањето на Договорот со Бугарија и Преспанскиот договор, меѓутоа за голем број земји членки нема смисла оваа реченица повторно да и биде наметната на Северна Македонија две години подоцна, објаснуваат дипломатите.

Отстапката на која е подготвена ЕУ е слична реченица поврзана за „погрешно интерепретирање на историјата" да стои како општа опсервација за сите земји од западниот Балкан, во врска со регионалното помирување, но не и специфично во пасусот за Северна Македонија.

Бугарија, пак, смета дека со оглед на тоа дека оваа реченица веќе била искористена во заклучоците има основа да биде повторена.

Вчера и денеска имало обиди помеѓу земјите членки да усогласи текстот, но Софија не попуштила, поради што е донесена одлука целосно да се суспендира дискусијата за проширувањето денеска, дознава МИА од дипломатски извори.

Амбасадорскиот состанок во моментов е во тек и би требало да трае до доцна вечерва, но не се очекува да се врати проширувањето на масата на разговори.

Во наредните денови земјите членки ќе продолжат да преговараат на оваа тема за да се деблокираат состојбата и да не се држат заклучоците за другите земји од регионот во заложништво.

Истовремено денеска е повлечена од дневен ред и дискусијата за преговарачката рамка со Албанија, која има подобри шанси од македонската да биде усвоена до крајот на годинава, но без датум за закажување на првата меѓувладина конференција. Имено, дури и со одобрена преговарачка рамка, Тирана, поради дополнителни реформски услови, ќе треба да чека прво извештај на Европската Комисија и нејзино зелено светло пред да и биде доделен датум за преговори.

Земјите членки имаат врем до министерскиот совет на осми декември да се усогласат, во спротивно не се исклучува опцијата да нема воопшто никакви заклучоци за проширувањето.

-Сите опции се на маса во овој момент, повлекување на заклучоците за проширувањето, на рамката за Албанија, повлекување на едно од двете само или задржување на двете, преговорите течат и на неформално ниво, велат за МИА од Брисел.

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе