Уставен суд

Бранко Наумовски предложил привремено запирање на лустрацијата, судиите го одбиле

Уставниот суд денеска одлучи да одржи дополнителна седница за иницијативата за преиспитување на уставноста на Законот за лустрација, поднесена од Хелсиншкиот комитет и од Стамен Филипов.

Бранко Наумовски

Претседателот на Уставниот суд Бранко Наумовски предложил привремена мерка за престанок на важењето на Законот за лустрација додека судот не донесе конечна одлука. Мнозинството од судиите го одбиле овој предлог на Наумовски.

Советодавното тело за уставни прашања на Советот на Европа Венециската комисија и лани во декември и во јануари годинава соопшти дека во согласност со препораките на Советот на Европа во делот на временскиот период и опфатот на лица Законот за лустрација не треба да служи за справување со минатото со цел да се обезбеди иднината на демократските процеси. Во Мислењето на комисијата се наведува дека сепак, Уставниот суд е тој што треба да одлучи дали Законот за лустрација ќе важи и за случаи и по 1991 година во зависност од специфичностите на случувањата во државата и по воведувањето на политичкиот плурализам и раскрстувањето со комунистичката идеологија. 

Еве дел од разговорот на Јордан Петровски, претседателот на Комитетот за демократизација на Македонија во Канада со Бранко Наумовски, претседател на Уставниот суд за селективното информирање на Венециската комисија од страна на судот.

 

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе