Борисов повика да се финализира францускиот предлог за Македонија

Поранешниот бугарски премиер и лидер на опозициската ГЕРБ, Бојко Борисов посака успех за финализирање на францускиот предлог за решавање на спорните прашања меѓу Бугарија и Македонија.

Борисов, како што објави БГНЕС, кажал дека Извршниот комитет на ГЕРБ го разгледувал прашањето за Македонија.

„Во однос на прашањето за Република Северна Македонија навистина им посакувам успех на колегите во Софија за да можеме да кажеме дека Француското претседателство направи многу и да биде успешно, онака како што заслужува“, вели Борисов.

Бугарското Народно собрание на 24 јуни го изгласа предлогот за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје и за отворање на патот за европска интеграција на Македонија, со кој, според бугарските медиуми максимално се заштитени бугарските интереси.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе