„Позицијата на Бугарија нема да се промени. Двете држави работат заеднички, дијалогот е подобрен и има реална желба за постигнување резултати од двете страни со цел да се расчистат натрупаните недоразбирања“, рече Бориславова.
Во изјавата по владината седница, вицепремиерката Корнелија Нинова потврди дека синоќа имало состанок на Коалицискиот совет на кој премиерот Кирил Петков информирал за средбата со премиерите на Македонија и на Романија.