Бочварски: Забрзано се гради автопатот Кичево-Охрид, успеавме да заштедиме 95 милиони евра

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во емисијата 24 Анализа на ТВ 24, рече дека автопатот Кичево-Охрид е еден од проблематичните наследени проекти, за кој немало проекти за клучки и имало куп недоследности, како неутврдувањето косини, градење без геомеханички испитувања, како и правење тунел кај што не треба да има.

Сега, вели, сите проблеми се отстранети, завршени се сите проекти за осум клучки.

„Дваесет и пет отсто од трасата беше репроектирана и во вториот квартал од оваа година е регистриран сериозен прогрес на автопатот Кичево-Охрид, таму на терен работат 820-850 работници и 470 градежни машини секој ден“, истакна Бочварски.

Тој додаде дека се намалени трошоците за изградба на овој патен правец, од оние што во четири очи ги договараа Миле Јанакиески и Никола Груевски, за што слушнаа сите граѓани.

„Заштедата на Владата на СДСМ за автопатот Кичево-Охрид е до 95 милиони евра“, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе