БНТ го демантира Радев: Кај Кавадарци ни трага од бугарски гробишта, двата споменика не се чепнати

Двата споменици на бугарските војници убиени во Првата светска војна, во близина на Кавадарци, кои се оддалечени еден и пол километар еден од друг, се целосно нечепнати, објави денеска Бугарската национална телевизија (БНТ) чија екипа е во потрага по „скандалот” за осквернавени бугарски гробишта за кој говореше претседателот Румен Радев.

Принтскрин БНТ

Во репортажата од терен во околината на Кавадарци, новинарот на БНТ вели дека на ова подрачје не сретнале никаде гробишта на кои биле погребани бугарски партизани од Првата светска војна, а уште помалку пак тие да биле униуштени, како што рече Радев.

Во репортажата говорат и двајца граѓани од Кавадарци, Ацо Темков и Петар Камчев, инаку  поранешен директор на Историскиот музеј кој 37 години работел во оваа установа.

И двајцата зборуваат дека никогаш не виделе гробишта на оваа локација, ниту, пак, слушнале за нешто такво од постари граѓани и потврдуваат дека тука има два споменика кои се оддалечени еден од друг еден и пол километар, од кои едниот е во спомен на 193 загинати бугарски војници во периодот, како што стои на плочата на споменикот, 1915-1918 година, а другиот е исто така во чест на бугарски војници. Споменикот на Пере Тошев  што пред градежниот зафат бил на оваа локација во согласност со тогашната организација на Сојузот на борците бил поместен заедно со чешмата што била составен дел, јавува БНТ во репортажата, поставувајќи го прашањето имало ли воопшто во околината бугарски гробишта. 

 

 

Легенда под Главна слика

Принтскрин БНТ

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе