Блумберг: Македонија не дала отчет за ковид заемот од ММФ

Нема резвизија и отчет за 176 милиони евра кои лани Македонија ги зема како заем од ММФ за ковид кризата, пишува Блумберг. Од Транспаренси интернешнл, пренесува Блумберг, велат дека во некои африкански земји веќе биле утврдени и злоупотреби, што значи помалку пари за респиратори, мобилни болници и лична заштитна опрема.

Македонија не направила ревизија на парите кои како итен заем ги зема од Меѓународниот монетарен фонд лани во април, пишува американската агенција Блумберг. Македонските власти лани во април соопштија дека овој заем ќе се потроши за ублажување на негативните ефекти од здравствената криза со коронавирусот за економијата и дополнителна поддршка и на макроекономската стабилност.

„ММФ наведе загриженост за управувањето во Северна Македонија во месеците пред избувнувањето на ковид, но сепак за заемот од 176 милиони евра не побара ревизија, што според Транспаренси интернешнал е алармантно“. Македонија е рангирана на 111-то место според индексот на корупција на организацијата, што е второ најлошо место во Источна Европа. Во март шефот на Државната комисија за спречување на корупцијата објави дека ќе ги истражи извештаите за злоупотреби при набавката на вакцини, што се појавија во италијански весник, пишува Блумберг.

Се работи за весникот Ла верита и објавениот случај со наводната злоупотреба на вакцините од Кина и вратениот аванс од македонското Министерство за здравство за набавка на кинеските вакцини, бидејќи „набавката требало да се одвива преку фантом посредничка фирма, со седиште во Хонг Конг, но имала големи финансиски депозити во германската Дојче Банк“. Истиот весник објави „писма од министерот за здравство Венко Филипче до Синофарм за набавка на вакцини“.

Блумберг наведува дека Меѓународниот монетарен фонд исплатил околу сто милијарди евра за итни заеми за 87 земји во светот за да им се помогне во справување со кризата. Сега, се наведува во текстот, меѓународната финансиска институција бара од многу земји да спроведат независни ревизии за тоа како ги трошеле итните средства пред да им одобрат нови заеми.

Транспаренси интернешнал наведува и дека иако многу држави ветија дека ќе ги ревидираат нивните трошоци како услов за добивање на итното финансирање, повеќе од половина не преземале такви обврски.

Освен за Македонија, Блумберг пишува и за неколку африкански и јужно-американски држави каде имало недоволна контрола на тоа како се трошеле парите од заемот на ММФ за справување со последиците од короната. За Македонија стои дека „пред короната МФФ изразил загриженост за добро владеење во Северна Македонија“.

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе