Стејт департментот и американскиот државен секретар со честитка

Блинкен по повод празникот: Одличен напредок кон ЕУ

Американскиот Стејт департмент во име на САД, денеска испрати честитки по повод 31-та годишнина од независноста на Македонија. „Со отворањето на пристапните преговори со Европската Унија, Северна Македонија годинава направи oдличен напредок кон европските интеграции. Сојузништвото во Европа и тежнеењето по нашите демократски вредности е многу поважно сега од кога и да било", порача државниот секретар Ентони Блинкен. Честитка упати и Амбасадата на САД во Скопје.

Во честитката се нагласува дека „во годните што следуваат САД ќе продолжат со поддршката за нашиот сојузник Северна Македонија во неговиот европскои пат".

Блинкен исто така укажа и дека „двете земји споделуваат демократски вредности и заложба за човекови права чија положба е силна во лицето на глобалните предизвици."

„САД ќе продолжат да стојат со вас како правите одличен напредок за зголемување на просперитетот на сите ваши граѓани, подобрувајќи го владеењето на правото и зацврстувајќи ги вашите демократски институции. Ви испраќам најдобри желби на овој посебен ден“, порача државниот секретар Блинкен.

Амбасадата на Соединетите Американски Држави исто така го честита 8 Септември – Денот на независноста.

„Од сите нас во Амбасадата испраќаме честитки по повод 31 година од вашата независност. Честит Ден на независноста“, се вели во честитката упатена до граѓаните преку Фејсбук.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе