Според поранешниот директор на бугарскиот Државен архив

Билјарски: Гоце Делчев не го користел зборот Македонец и се самоопределувал како Бугарин

Гоце Делчев се самоопределувал како Бугарин во целата документација којашто досега е прегледана, а професорот Драги Ѓоргиев објавувал книга за „Бугаринот Гоце Делчев” тврди поранешниот директор на бугарскиот Централен државен архив, Цочо Билјарски. 

Во изјава за бугарската агенција БГНЕС, Билјарски вели дека Гоце Делчев дури и не го користел зборот Македонец, туку Македонија се користело само кога станувало збор за името на организацијата. 

Делчев, според него, не ги водел само четите на организацијата, туку како член на нејзиниот задграничен комитет се занимавал и со пропаганда. 

„Во многу писма од неговата коресподенција за пропаганда меѓу населението во Македонија тој барал да му се испратат биографијата на Васил Левски од Стојан Заимов и книги од Иван Вазов. Не треба да зборавиме и дека Гоце бил во бугарското воено училиште коешто го завршил без воен чин. Исто така, бил и бугарски егзархиски учител во Банско”, објаснува Билјарски. 

Тој тврди дека самиот Гоце Делчев, неговите соборци и другари никогаш за него не говореле како за некаков друг деец, освен за Бугарин. Билјарски додава дека доволно говорат и документите за трагичната смрт на Гоце во 1903 кај селото Баница, серско. 

„Во Скопје за неговата смрт излегоа турски документи и се вклучени во архивата на Гоце Делчев. Ние вклучивме еден документ кој го откри копретседателот на заедничката комисија, проф. Драги Ѓоргиев. Тој кога дава интервју, заборава што објавил. Ѓоргиев зборува за за турски документи во Осмалискиот архив во Истанбул. Тоа се списоци на турската војска со четите во Македонија и има дикумент за убиството на Гоце Делчев. Таму пишува место на убиството Баница, вид на четата-бугарска, водач на четата-Делчев. Не знам што повеќе треба да се каже”, вели Билјарски. 

Тој уште додава дека Бугарија располага не само со архивот на Гоце Делчев, туку и со архивите на други дејци како Христо Матов, Пере Тошев, Ѓорче Петров…, а има и илјадници документи за Тодор Александров, Ванчо Михајлов и во нив работите се јасни-„движењето е бугарско, населението е бугарско”. 

Според Билјарски, Грција добро направила што успеала да наложи дека периодот на антиката е дел од нејзината историја, па можеби Бугарија требало да тврди дека до август 1944 година историјата е бугарска, а по тој период може да се говори за одделна македонска држава. Во корист на ова, вели дека и српските документи од периодот меѓу двете светски војни говореле за населението на тогашната Вардарска бановина како бугарско. Оригиналите на тие документи, додава, се наоѓаат во Белград, а копиите се во архивите во Скопје.

 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе