Партиска реакција

Беса: „Смртта на невиниот Ќерими стави крај на правдата во земјава“

„Смртта на Реџаил Ќерими е смрт за правдата во земјата и смрт за оние кои долги години не успеаја да го решат овој случај“, напиша на својот фејсбук профил генералниот секретар на Движењето Беса Арјанит Хоџа, како соопштение на Движењето Беса по веста дека во затворска ќелија починал Реџаил Ќерими, кој беше осуден на доживотна затворска казна за нападот врз полициски „алфи“, што се случи во 2008 година на паркингот пред Природно математичкиот факултет во Скопје, кога еден полицаец беше убиен, а двајца ранети.

„Одолговлекувањето на политички монтирани случаи и отсуството на правда ја врати Северна Македонија многу чекори назад. Смртта во затворска ќелија на еден од обвинетите во случајот „Алфа" уште еднаш го потврди нефункционирањето на владеењето на правото во државата и неставањето на правдата на вистинското место.

Смртта на Реџаил Ќерими е смрт за правдата во земјата и смрт за оние кои долги години не успеаја да го решат овој случај. Движењето Беса цени дека на прво место треба да се стави правдата во случајот 'Алфа', а невините да почиваат во мир“, се вели во соопштението и се изразува сочувство до семејството и пријателите на Реџаил.

Инаку, во судскиот процес за случајот „Алфа“ во 2010 година на доживотна затворска казна беа осудени Реџаил Ќерими и Агим Ислами. На 9 години затвор е осуден Рамадан Шаќири, како соучесник во делото, додека Алмир Дрпљани, на доживотен затвор, откако по бегството беше екстрадиран во Македонија.

Нападот врз полициските „алфи“ се случи на паркингот пред Природно математичкиот факултет во Скопје во кој полицаецот Албанец Африм Арифи беше убиен, а двајца негови колеги Македонци беа ранети.

„Алфа" е еден од случаите спомнати во преговорите за влез на Алтернатива во Владата, како судски случај кој би требало да се разјасни со анализа на процесот и пресудата со учество на странски правни експерти.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе