Германската министерка за надворешни работи порачува

Бербок: На Балканот не смее да се остави простор што ќе го пополни Русија

Не смееме повеќе да губиме време во интеграцијата и зближувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ. На Балканот не смее да има простор што може да го пополни Русија или други актери, вели германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок.

„Во побрзото поврзување на земјите од регионот со ЕУ не се работи само за нашиот геополитички кредибилитет“, рече таа по средбата со словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон.

Таа додаде дека освен Русија, за посилно влијание врз земјите од Западен Балкан се бори и Кина.

„Западен Балкан географски е во центарот на Европската Унија. И луѓето од Западен Балкан конечно мораме да ги внесеме во нашиот политички центар“, рече Бербок.

Според неа, ЕУ одамна требаше да ги исполни своите ветувања во однос на пристапните преговори со земјите од регионот, особено во однос на отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

„Тоа е во наш стратешки интерес и исто така е прашање на нашата сигурност“, рече германската министерка.

Во тој контекст, Бербок додаде дека во четвртокот, на последниот ден од шестмесечното претседавање со ЕУ, Франција предложила компромис кој треба да овозможи преговори со Скопје и Тирана. Според неа, францускиот предлог е „единствена можност“.

„Конечно мораме заедно да го направиме тој чекор“, рече Бербок.

Таа смета дека ЕУ доколку не ги исполни ветувањата, другите ќе го пополнат просторот во регионот, а многу млади луѓе кои сакаат „заедничка европска куќа“ ќе бидат разочарани.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе