ПО ДЕНЕШНИОТ ИНЦИДЕНТ НА МАКЕДОНСКО-ГРЧКАТА ГРАНИЦА

Бегалците добиваат летоци со прецизни насоки како илегално да ја преминат границата

Меѓу бегалците кои денеска беа приведени од македонската полиција и војска, по нивниот денешен обид за илегално преминување на грчко-македонската граница, беа пронајдени и летоци за тоа каде и како да ја поминат македонската гранична линија.

На летокот на арапски јазик нацртана е мапа на тој дел од границата, кај Сехово (Идомени), со прецизни насоки како и каде мигрантите треба да се движат.

Преку овој, т.н. марш на надежта денеска преку грчко-македонската граница во Македонија денеска влегоа најмалку 1.000 бегалци. Очигледно е дека се работи за организиран марш, со прецизни упатства и безрезервна помош на некои хуманитарни организации и на грчката полиција која не се ни обиде ова да го спречи. Тројца од бегалците утрово се удавија во Сува Река при обидот илегално да влезат во Македонија.

Интересно е и тоа што во долниот десен агол на ова писмо се појавува името на 80-годишниот Норман Блум, поранешен германски министер за труд. Тој од пред неколку дека кампува заедно со бегалците во Сехово (Идомени). Блум изјавил дека ова го прави во знак на солидарност со илјадниците мигранти, блокирани на границата меѓу Грција и Македонија.

Не можеме постојно на импровизиран начин да градиме нови институции. Треба да се преиспита потребата од отворање на нова студиска група за социјални науки на универзитетот „Мајка Тереза" или да се предложи новa.

повеќе

Она што моментално може да се направи е да не му се дозволи учество на „избраниот" претседател на СПУКМ, Давор Поповски во органите на УКИМ.

повеќе

Повторно 8-ми август беше уште едно потсетување, дека пред петнаесет години од заседа на автопатот Скопје - Тетово беа убиени десет припадници на АРМ кај месноста Карпалак.

повеќе