Лидерот на ДУИ по иницијативата на албанскиот премиер

Аxмети: Слободата има име - ОВК, руско - српска измислица е трговијата со органи

Политичкиот лидер на некогашната ОНА, пред тоа и поврзан со косовската ОВК (УЧК), лидерот на ДУИ Али Ахмети, објави дека во целост го поддржува албанскиот премиер Еди Рама со неговата иницијатива за измена на „неправедната и неточна" Резолуција 1782 од 2011 година за трговија со човечки органи во Косово. Ахмети вели дека слободата има име – ОВК, а дека резолуцијата била донесена врз база на лагите на руско - српската пропаганда.

„Скандалозната резолуција е донесена како резултат на руско-српската пропаганда со лажни вести, кои никогаш не беа проверени и сериозно ја нарушија нашата национална жртва за слобода, независност, демократија и еднаквост. Ги повикувам сите мои колеги, активисти, патриоти, интелектуалци, политичари, новинари, граѓанки и граѓани да се приклучат на повиците за промена на Резолуцијата и за офрлање на неправдата кон албанската нација. ОВК е ослободителна сила која ја имаше поддршката од западниот свет, исто како и денес слободољубивиот народ на Украина. Слободата има име - ОВК", изјави Али Ахмети.

Премиерот на Албанија Еди Рама во свој стил, според некои извештаи шокантно настапил вчера во Стразбур каде изјавил дека не е дојден за да го суди Специјалниот суд за воени злосторници на Косово, создаден по извештајот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, туку да ги осуди дезинформациите кои довеле, како што нагласи, до обвиненијата дека постои трговија со човечки органи.

„Тоа беше многу убаво фабрикувана лага во Кремљ и многу добро спакувана и пласирана во храмот на човековите права (ПССЕ). Како резултат на лагите Хашим Тачи лежи во затвор", рече Рама и оцени дека некогашниот српски лидер Слободан Милошевиќ се однесувал како што денес се однесува Владимир Путин.

Албанскиот парламент летово едногласно донесе резолуција со која ги отфрла обвиненијата за трговија со човечки органи за време на војната во Косово, запишани во извештајот на Советот на Европа. Извештајот беше напишан во 2010 година од страна на тогашниот швајцарски сенатор Дик Марти, а го одобри Парламентарното собрание на Советот на Европа. Во него се тврди дека лицерите на ОВК (УЧК) биле вмешани во трговјата со органи во текот на 1998-99 година.

Тврдењата потоа ги истражувал американскиот обвинител Клинт Вилиемсон, кој во 2014 година објави дека нема докази, но дека има воени злосторства. Поради тоа една година подоцна се формирани специјализирани тела во Косово за истражување на злосторствата против етнички малцинства и политички неистомисленици од 1998 до 2000 година.

Во Специјалниот суд во Хаг во тек е процес против неколкумина поранешни лицери на ОВК, меѓу кои се Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи. Тие се ноаѓаат во притвор во Хаг од ноември 2020 година. Обвиненијата ги товарат за воени злосторства и злосторства против човештвото. Во обвиненијата не се спомнува трговијата со органи.

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе