А во рамки на политичката кампања, носителот на листата за пратеници на Левица во ИЕ 3, Борислав Крмов денеска имаше средба со граѓани во Градскиот пазар во Штип, каде што на граѓаните им ја презентираше програмата. Посочи дека граѓаните најтопло ги прифаќаат, бидејќи како што вели, Левица е единствената автентична, непотпуклива опција, а тоа директно го покажале во Собранието.
-Очекувањата во Изборната единица 3 се дека Левица ќе има двајца или тројца пратеници, ова е една од најпатриотските Изборни единици и затоа ние сме толку силни. Значи ова е една работничка и земјоделска изборна единица“, вели Крмов.
Тој посочи дека на парламентарните избори на 8 мај очекуваат поголема поддршка од граѓаните, а како што вели Левица првпат учествувале на претседателски избори и собирале потписи од граѓаните.
„Тоа е еден процес кој се учи, резултатот воопшто не е лош. Сите знаат дека Левица типува на Парламентот и на 8 мај ќе имаме одличен резултат“, изјави Крмов.
Најмалку тројца пратеници во Изборната единица 1 прогнозираше пред два дена лидертот на Левица, Димитар Апасиев.
Партијата учествува со кандидатски листи во сите шест изборни единиц.