АВМУ со осуда за однесувањето на полицаец кон снимател за време на протестите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди проблематичниот однос кон снимателот на ТВ 24 од страна на припадник на МВР, за време на протестите. 

„Улогата на медиумските работници при известување од настани со големо општествено значење и висок ризик е да документираат и пренесат информации кои се од јавен интерес. Затоа особено е важно да им се овозможи безбеден и непречен пристап, дури и во услови кога се воспоставени посебни безбедносни мерки.

Во контекст на настаните од последниве денови, Агенцијата повикува да се почитува достоинството на медиумските работници и да им се овозможи без закани и притисоци да ги извршуваат своите професионални активности – навремено и сеопфатно информирање на јавноста“, се вели во реакцијата на АВМУ. 

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе