По повод Денот на албанската азбука

Асани: Битолскиот конгрес е значаен зашто бил ориентиран кон Европа

Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, денеска, на Денот на албанската азбука го одбележа и својот роденден – 14 години од основањето. Директорот Скендер Асани изјави дека мислат на иднината со тоа што го изучуваат минатото и дека Конгресот во Битола, одржан од 14 до 22 ноември 1908, е меѓу историксите настани кои покажале европска ориентација.

„Битолскиот конгрес и денеска е важен чин зашто ориентира кон Европа и евроинтеграциите. Денот на азбуката и на просветата е дух на толеранцијата, на соживотот и на комуникацијата меѓу народите и поради тоа сите народи во Европа и во светот денеска му го честитаат овој ден на албнанскиот народ“, изјави директорот на Институтот кој денеска одбележа 113 години од Битолскиот конгрес.

На денешен ден во 1908 година, во Битола завршил Конгресот на кој била создадена албанската стандардизирана азбука. Конгресот бил свикан на 14 ноември и учествувале 32 делегати со право на глас, претставници на 26 градови и различни албански друштва.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе