Арсовски до новинарите: Прашајте ги СДСМ со кои партии формирале парламентарно мнозинство

ВМРО-ДПМНЕ ниту ги потврдува ниту ги демантира информациите од непотврдени и неидентификувани извори за формирање на парламентарно мнозинство, но работи на тоа, изјави денеска партискиот портпарол Димче Арсовски.

„Гледаме дека СДСМ и Заев викаат дека имале мнозинство, а пак од друга страна тоа не го потврдуваат политичките партии. Би упатил јавно да ги прашате СДСМ да објават со кои партии имаат формирано парламентарно мнозинство, кои се коалициските партнери на СДСМ, да изнесат детали, бидејќи зборовите кои што можевме вчера да ги видиме од нивна страна во медиумите, односно од нивни извори  „СДСМ има мнозинство“ не се доволни за формирање на влада, туку треба 61 пратеник да се согласи на тоа. Во спротивно на тоа СДСМ во овој момент освен што дрско краде, дрско и лаже што впрочем не е ништо ново за нив изминативе три години. Така да може слободно да одговорат со кого формирале и детали околу парламентарното мнозинство“, рече Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Тој повторно го обвини СДСМ за изборен грабеж и, како што рече, „најнедемократските парламентарни избори во Република Македонија“.

„Извештајот на Агенцијата за аудиовизуелни медиуми е доволен показател за недемократските избори. СДСМ на почеток на кампањата, на самиот завршеток на вонредната состојба, на ден пред почетокот на кампањата во 23:55, 5 минути пред да заврши вонредната состојба изгласаа уредба каде што им се намалува двојно рекламниот простор на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ. Со ова практично изгласаа уредба за медиумски мрак и гушење на опозицијата, каде што тие добија двојно повеќе рекламен простор по медиумите, а ВМРО-ДПМНЕ доби само гушење и не можност да доволно се презентира по медиумите“, изјави Арсовски.

 

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе

Во Скопје се надеваат дека претстојните парламентари избори во Бугарија се една од причините поради кои владата на Бојко Борисов не попушта во врска со членството на Македонија во ЕУ.

повеќе

Упадот во американскиот Капитол што го извршија приврзаниците на Доналд Трамп како последен очаен обид да се поништи резултатот од изборите во 2020 година беше исто толку предвидлив колку и шокантен.

повеќе