Локални избори

Арсовска со предност пред Шилегов

Резултатите објавени на страницата на ДИК, во 20.30 часот биле обработени 26,72 отсто од избирачките места во Скопје и според нив, Данела Арсовска освоила 58,10 отсто од гласовите, а Петре Шилегов 38,56 проценти.

Од скопските општини, Шилегов води во Сарај со 70,01 отсто спрема 27,75 отсто за Арсовска, во Центар со 49,33 отсто спрема 45,57 отсто за Арсовска, во Чаир каде Шилегов засега има 59,85 посто, а Арсовска 34,65% и во Шуто Оризари каде Шилегов засега има 48,94 проценти, Арсовска 44,69 проценти.

Арсовска, според досегашните резултати, води во сите останати скопски општини, Карпош, Аеродром, Кисела Бода, Гази Баба и Бутел.

Во скопските општини, каде што се избира градоначалник, од пребројани околу 15 проценти од гласачките места во Чаир води Висар Ганиу од ДУИ со 54,21 процент, пред Беким Сали од АА/А со 40,73 проценти, во Центар води Горан Герасимовски од СДСМ со 50,77 проценти пред Наташа Котлар од ВМРО-ДПМНЕ со 44,65 проценти, во Карпош води Стевчо Јакимовски со 50,81 од ГРОМ пред Душко Весковски од СДСМ со 43,76 проценти и во Шуто Оризари Ферад Асан од СДСМ со 51,90 οτστο пред Курто Дудуш од ЛДП/ДОМ со 43,67 проценти.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе