Aпелација ја одби жалбата, Јанева останува во куќен притвор

Апелацискиот суд ја одби жалба на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, да се брани на слобода. Со одлуката на судот донесена минатата недела Јанева, и понатаму останува во куќен притвор. Веста за МИА ја потврди судијата од Апелацискиот суд, Сафет Кадриу.

Следното рочиште зa "Рекет", e закажано за 20 јануари, кога и е предвидено да сведочи обвинителката Лиле Стефанова. Претходно сведочеше обвинителката Елизабета Јосифовска. Јанева се наоѓа во куќен притвор од 19 ноември 2019, а претходно, од 21 август 2019, беше во притвор во затворот во Шуто Оризари.

Во случајот „Рекет", што го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција обвинети се Бојан Јовановски и Катица Јанева, односно Зоран Милевски. 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе