Апасиев тврди дека досега над 200 илјади Македонци одбиле да се попишат

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев денеска на својот Фејсбук профил напиша дека над 200.000 Македонци досега одбиле да се попишат, но не кажува на кои податоци се повикува и дали може тврдењето да го поткрепи со факти.

„Според светските статистички стандарди, попис кој го бојкотирале само 2,5% од населението се смета за невалиден. Тоа, во наши услови, значи дека доволно е 50.000 луѓе да одбијат да учествуваат во фалсификатот, и планот за етноинженерингот нема да има меѓународна верификација. Официјалните бројки се лажирани, а само една општина (Аеродром) е на добар пат да го сруши фалсификатот“, вели тој.

Пописот на населението, домаќинствата и становите официјално започна на 5 септември и ќе трае до 30 септември, а според податоците од Државниот завод за статистика, до вчера во 20 часот се попишани вкупно 1.037.309 лица, 323.286 домаќинства и 438.705 станови.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.370 лица.

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе