Собрание

Апасиев: Димитров е американски шпион

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, попладнево на седницата на Собранието за интерпелацијата на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, изјави дека тој веројатно бил врбуван од структурите на ЦИА кога беше амбасадор во САД.

„Дојде денот да се соочиме со вицепремиерот, кој бега од Собранието како ѓавол од темјан. Моите односи со дотичниот се одвратни. Во библијата пишува дека по делата ќе ги познаете оние што сакате да ги оценувате. Мојата прва средба со Димитров беше на Правниот факултет кога јас бев демонстратор. Тогаш Димитров рече: Уставното име е последниот столб на државноста, и ако се промени, ќе се премине линијата на достоинството. Потоа се случува аферата Никиликс, кога станува заштитен извор на депешеата на Рикер кон САД. Односно дека тој ги издавал случувањата на САД, дека нема конзенсуз меѓу Црвенковски и Груевски за името, и практично бил американски шпион", рече Апасиев, кој најави дека вицепремиерот треба кривично да одговара поради потпишување на, како што вели, „капитулантскиот" Преспански договор.

Во одговорот, Димитров рече дека Апасиев влегува во категорија на политичар-обвинител, па и политичар-инквизитор.

„Така и потсетува на некој начин, на средновековието кога инквизицијата имала главен збор. За нашата татковина, за нашата Македонија многу Македонци и Македонки оделе во затвор и јас сум спремен таа цена да ја платам за македонската кауза. Некои оделе во затвор, а некои ги пикале во затвор, ама размислете тоа вас во која категорија ве става и каква место си резервирате во македонската историја. Вие сте професор по право, меѓутоа тоа не значи дека не грешите кога велите дека Преспанскиот договор е потпишан надвор и од членот на Уставот што го регулира тоа прашање и надвор од Законот за склучување и ратификација на меѓународните договори. Во праксата некаде помалку од 1%, чинам помалку и од пола проценти 0,5 од вкупните меѓународни договори во име на Републиката ги има потпишано шефот на државата, претседателот на Републиката. Во првата интерпелација во глава ми беа тие бројки, можам да одам назад по стенограмот и да ги најдам, помалку од 0,5%. Членот 2 од Уставот вели дека и Владата во името на Републиката може да склучува меѓународни договори, а во членот 3 ги набројува кога тоа Владата може да го направи, споменувајќи едно чудо области кои што се присутни и регулирани во билатералниот договор, Преспанскиот договор“, одговори Димитров.

 

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе