Апасиев бара канцеларија во Собранието за да може да работат, а не да „чекаат по ходници како кираџии“

Претседателот на Левица и пратеник во новиот собраниски состав, Димитар Апасиев најавува дека денеска во Собранието ќе бара канцеларија за да има услови за работа, а не „да чекаат по ходници како кираџии“.

„Уште денес ќе одам во Собранието на Република Македонија и ќе барам да ми биде доделена канцеларија, бидејќи чим СДС си толкува дека ‘парламентот е конституиран‘, тогаш по закон се должни да ни обезбедат соодветни услови за работа, а не да чекаме у ходници како некои кираџии“, напиша Апасиев на Фејсбук.

Во истиот пост тој најавува и дека партијата во најскоро време ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор, по случувањата со Еуростандард банка.

„Подмолната игра околу пропаста на Еуростандард банка и тргувањето со инсајдерски информации од страна на гувернерката и Министерката за финансии ќе биде тригер за иницирање голема реформа на банкарскиот сектор, преку она што тие го нарекуваат антилихварско законодавство. Овие мерки ќе бидат предложени во најскоро време од страна на пратениците на Левица, со цел ослободување на народот од должничкото ропство спрема алчните банкари“, напиша Апасиев.

Меѓу мерките кои ги предлага Левица се воведување на државна комерцијална банка за бескаматно кредитирање на населението, а преку која вработените во јавниот сектор ќе ги примаат своите плати, како и „зауздување“ на банкарскиот сектор, преку намалување на вишокот на ликвидност на банките и ограничување на екстра профитите и бонусите на банкарите. Левица ќе предложи и ограничување на банкарските провизии, воведување на максимални каматни стапки, како и намалување на казнените камати.

 

 

 

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе