Антикорупциска комисија бара да биде известена од Обвинителството за нивните иницијативи

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) бара отчетност од Јавното обвинителството (ЈО) односно каква било да е одлуката што ќе биде донесена да бидат повратно известени и да знаат што се случува со нивните иницијативи.

Исто така, ДКСК бара од ЈО да доставува одговор дали и како е постапено, а не само дека ќе се постапи во врска со нивните иницијативи, па во таа насока, според претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, се подготвува меморандум за соработка со ЈО, во кој ќе се бара да бадат известени по нивните иницијативи.

На денешната седница на ДКСК, во рамки на елаборирање на одредени предмети, беа наведени и добри случаи за соработка со Владата и просветниот инспекторат, по неколку иницијативи од нивна надлежност.

Катица Николовска, член на ДКСК, сподели одлука на Управен суд поврзана со предмет за кој Антикорупција има изречено јавна опомена за претседател на Совет на општина, бидејќи како претседател на Совет според Законот за адвокатура не смее да врши јавна функција. Лицето повело судски спор пред Управен суд, ДКСК го добила спорот, а во образложението судот утврдил дека ДКСК согласно своите надлежности и обврските што произлегуваат од Законот за спречување на корупција и судир на интереси е единствена институција што може да утврди постоење на судир на интереси, постапката е спроведена согласно законските одредби и уредно се изречени опомените што се законски предвидени.

Таа потсети дека по завршувањето на локалните избори, ДКСК до сите општини доставиле известување со сите можни случаи на потенцијален судир на интереси, што може да се јави кај советниците, вклучувајќи го и овој момент, имајќи ја предвид праксата дека голем број адвокати се избрани како членови на Советите во општините.

Горан Трпеноски, член на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) реферирајќи по предмет, наведе дека има сериозни наоди за злоупотреби во автомобилската федерација и затоа овој предмет ќе биде доставен до Агенција за млади и спорт и до државните ревизори.

Според Трпеноски, се работи за користење на буџетски средства кои Агенцијата за млади и спорт ги доделува за организација на програмски активности, со цел вршење на надлежно постапување, контрола и утврдување ма наменското, законското користење на доделение средства од 2018 и 2019 година.  Меѓу другото како пример посочи дека тој што бил претседателот на автомобилската федерацијата бил и шофер. Од ДКСК потсетија дека и во Законот за спорт е уреден судирот на интереси.

На денешната седница на ДКСК беше соопштено и дека Државното правобранителство побарало од Комисијата да донесе одлука за суспензија на обвинителите од ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски и Артан Ајро поради сомневања за судир на интереси во врска со случајот „Трансмет“. ДКСК вели дека нема таква надлежнот и оти забрана за привремено вршење на јавнообвинителска дејност согласно закон може да изрече јавниот обвинител на Република Северна Македонија.

 

 

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе