Бугарската министерка за надворешни работи

Антибугарската реторика во Северна Македонија е заради изборите, полно е со лажни вести, тврди Захариева

Антибугарската реторика во Северна Македонија е заради претстојните избори и националистичките ставови на некои политичари, смета шефицата на дипломатијата на Бугарија, Екатерина Захариева.

„Дел од причината за антибугарската реторика во Македонија е националистичкиот пристап, кој е заради претстојните избори во земјата. Но, кога се стремите да бидете дел од европското семејство, на ниеден политичар не треба да му дојде на ум да зборува на таков начин, особено кон соседна пријателска земја“, изјавила Захариева за БНТ.

Вели дека таквата реторика во Македонија е проследена и со многу лажни вести за Бугарија и бугарските ставови.

„Полно е со лажни вести. Има уште една причина Македонците да имаат таква антибугарска реторика, минатата година бугарскиот Парламент ја одобри цврстата позиција на Бугарија во однос на Северна Македонија“, вели Захариева.

Смета дека најголем чекор назад во билатералните односи е прекинувањето на работата на заедничката Комисија за историски и образовни прашања.

„Прекинувањето на работата на заедничката комисија со Македонија беше на нивно барање заради претстојните избори. Но, не го прифаќам аргументот дека работата на комисијата треба да запре пред изборите, бидејќи е составена од историчари, а не од политичари и никој не ѝ давал политички инструкции“, изјави таа.

Захариева повтори дека во однос на Балканот, бугарска позиција е јасна.

„Балканот е дел од нас, од Европа и тоа се надворешните граници на ЕУ. Она што го покажа ЕУ во кризата е дека даде најголема помош на овие држави. Тоа покажува дека бугарскиот стремеж од времето на нашето претседателство е оваа тема да остане во фокусот на разговорите и тоа е исполнето. ЕУ покажа дека подава рака и проширувањето останува приоритет“, додава Захариева.

 

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе