Локални избори

Aнкета: Во Општина Карпош најпопуларен е Стевче Јакимовски

Повеќе од половината (51,9%) жители на скопската општина Карпош на локалните избори закажани за 17 октомври ќе излезат на гласање. Од анкетираните жители на Карпош,  28 отсто за градоначалник на општината би гласале за Стевче Јакимовски, 25% би гласале за кандидатот на СДСМ Душко Весковски, 13,8 отсто за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Оливер Зафировски и 8,5 отсто за Дарко Ристовски од Левица, покажа телефонското истражување кое во соработка со МКД.мк од 10 до 18 септември го спроведе агенцијата Прорисич. Ова беше период кога кога сѐ уште не беше затворена кандидатската листа, па граѓаните не беа прашани за кандидатот на ЛДП и ДОМ Христа Најданов.

На прашањето дали ќе гласаат на локалните избори, 51,9% од испитаниците изјавиле сигурно да, додека 22,8% веројатно да. Одѕивот на локалните избори во 2017 година изнесувал 68,4%.

На прашањето за советничките листи, најпопуларна е листата на СДСМ - 28%, по што следува советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ - 21,5%, на Левица - 11,1%, на ГРОМ 8,8 отсто. За Независни за Карпош се изјасниле ист број на граѓани како и за ЛДП/ДОМ - по 2 отсто.

Ако се споредуваат резултатите од локалните избори во 2017 година, анкетата покажува дека на овие избори Левица би имала значително подобри резултати, резултатите за СДСМ би биле полоши, а подобри би биле и резултатите за ВМРО-ДПМНЕ и за ГРОМ.

Анкетата е спроведена на репрезентативен примерок од 653 испитаници, постари од 18 години. Примерокот е стратификуван репрезентативен по урбано/рурално население и етничка припадност.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе