Истражување на МКД.мк и М-проспект

Анкета: Кумановци повторно би го избрале Димитриевски за градоначалник

Дури 48,4 отсто од кумановци на претстојните локални избори би гласале за Максим Димитриевски, актуелниот градоначалник на Куманово, покажа телефонската анкета спроведена на репрезентативен примерок од 1.039 испитаници. Анкетата, исто така покажа дека од гласачите Македонци, 50,9 отсто би гласале за Димитриевски, од гласачите Албанци - 39,4% и од другите заедници -  41,4%.

Истражувањето пред претстојните локални избори за расположението на жителите на Општина Куманово во соработка со МКД.мк е спроведено од агенцијата М-проспект од 20 до 28 август.

Максим Димитриевски на овие локални избори настапува како независен кандидат за градоначалник на Куманово и со своја советничка листа за Советот на општината. Анкетата покажа дека за кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски би гласале 15,9% од анкетираните, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски доби поддршка од 14,2 отсто од анкетираните. 21,5 отсто одговориле дека се неопределени.

На прашањето „Дали сте задоволни од работата на актуелниот градоначалник Максим Димитриевски”, дури 66,8% се изјасниле дека се задоволни.

Анкетата е спроведена на репрезентативен примерок од 1.039 испитаници, жители на Куманово, постари од 18 години. Примерокот е стратификуван репрезентативен по урбана/рурална и етничка припадност.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе