РЕАКЦИЈА

„Анима Мунди“: Со новиот Закон за зеленило, каде да уринираат кучињата, во пелени?

Шокирани сме со новиот Закон за зеленило кој е влезен во Собранието, во кој, меѓу другото се воведува глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност за физичко лице, ако на зеленило за јавна употреба врши уринирање и дефекација на домашни миленици на зеленило. Ова е скандалозна, безобразна, безобѕирна одредба која ја нема никаде во свет и преку која на удар, стигматизација и финансиски линч ќе бидат изложени сите сопственици на животни!“, реагираат од Здружението „Анима Мунди“.

„Прашуваме, каде да уринираат животните и дефецираат, ако не на трева и секако да го соберат изметот? Дали државата ќе создаде веднаш тоалети за миленици и по тоа ќе стане прва во светот? Планира ли државата да го полни буџетот од хуманите граѓани, љубителите на животни?

Ваквиот пристап е безобразен и срамен дополнително ако го имаме во предвид фактот дека институциите никогаш ништо не сториле во однос на поставување на канти за измет за животни, ниту пак вршеле едукација - поточно, со исклучок од 2 општии каде тук таму постоела по некоја канта за одлагање на фецесот на животните, сите останати кои постојат ,а ги има во 12 општини во и надвор од Скопје, ги има направено и донирано нашето здружение Анима Мунди! Да не се збуни јавноста - ние сме први и единствени кои промовираме одговорно сопствеништво, собирање на изметот и негово одлагање, но казнување на граѓаните за уринирање на нивното куче е глупост, лудост, незнаење на ЕУ законодавството, класичен нон сенс! 

Доколку оваа смешна одредба не биде итно отстранета, уверуваме дека надлежните ќе бидат соочени со сите сопственици на миленици на улица, ќе организираме протест!“, стои во соопштението-реакција на Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“. 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе