Достоинство положи цвеќе на споменикот на бранителите во Скопје

Ангелов: 21 година по нападот на УЧК во Теарце, нерешени проблемите на бранителите

И по 21 година, кога на денешен ден во 2001 година УЧК ја нападна полициската станица во Теарце, македонски бранители и натаму се соочуваат со проблеми на нерешен статус, а од четворица ранети бранители веќе неколку години се бара да го враќаат паричниот надомест кој го земале како отштета од државата, изјави претседателот на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов, кој со неколкумина сопартијци и соборци денеска положи цвеќе на споменикот на бранителите во Скопје. Toj рече дека од ДУИ има разбирање, а во понеделник ќе достави обновена иницијатива до Владата.

Станува збор за Сашо Величковски, поранешен капетан на македонската Армија, моментално во пензија, Зоран Ангеловски, поранешен полициец, припадник на посилната полициска единица во 2001 година, Димче Манчов од пешадиската единица Шкорпиони и Маријан Ангеловски, ативен полицаец во граничната полиција.

„Бараме оваа точка итно да биде ставена на дневен ред на седница на Владата, бидејќи од пред неколку дена еден од оштетените бранители, конкретно Зоран Ангеловски, од страна на извршителот доби писмено известување со кое ќе му биде стопирана целата пензија, а досега му сопираа една третина“, рече Ангелов, посочувајќи дека постои занонска издржаност за носење на ваква одлука.

Додаде дека поддршка за ова добил од претходниот премиер Зоран Заев, како и од клучните министри од претходната Влада.

„И покрај силната волја на премиерот и министрите, одлуката заглави во правните лавиринти во Владата и иако ги обезбедивме позитивните мислења, сепак на седница на генералниот секретаријат оваа точка не помина. Од страна на ДУИ немаше никакви опструкции, напротив имавме поддршка оваа иницијатива да пројде пред се заради хуманата димензија. Иницијативата потоа ја обвновив уште еднаш ја поднесовме, но немаме одговор до денес. Вистинско време е Владата сериозно да ја разгледа новата иницијатива и истата да биде донесена“, потенцира Ангелов.

Тој информира дека се при крај на изработка на предлог-закон со кој ќе се реши проблемот на овие луѓе, а отштетата што ја земале од државата да им биде призната како справедлив паричен надомест на нематеријална штета. Поради тоа, претседателот на Достоинство побара средба со новиот премиер Димитар Ковачевски, но и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и со претставници на помалите партии со цел да поразговараат за можноста оваа иницијатива да ја дадат како предлог-закон во Собранието.

Овие луѓе, појасни Ангелов, во различен временски периоди биле тешко ранети и повредени, покренале тужби протви МВР, односно Министерството за одбрана. Од страна на основните судови тогаш им бил доделен справидлив паричен надомест на нематеријална штета.

„МВР И МО се жалеа до повисокиот Апелационен суд кој ги потврди пресудите после што овие храбри луѓе земаа одредена сума на отштета, односно надомест на нематеријална штета поради нарушено здравје, претрпена болка, страв, нагрденст. За жал МВР И МО овде не престанаа, продолжија со жалби односно вонредни правни лекови до Врховн суд, по што Врховниот суд донесе една пресуда која е контроверзна, но со која се поништи основот по кои овие луѓе ја добија отштетата. Луѓето мораа да ги враќаат со законска камата земаните пари. Со години наназад овие четворица херои ја враќаат сумата земена како надомест на нематеријална штета“, додаде Ангелов.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе