По изјавата на Карајанис

Андов: Не знам дека Глигоров бил под притисок на Милошевиќ, но името Словенска РМ не го прифатив

Точно е тоа дека Киро Глигоров тогаш дојде со предлог за ново име на Македонија – Словенска Република Македонија. Точно е дека во разговорот со него јас го одбив таквиот предлог како непогоден и опасен за стабилноста на државата, вели во изјавата за МКД.МК Стојан Андов, тогашниот претседател на Собранието на Република Македонија.

Киро Глигоров и Стојан Андов

Грчкиот дипломат Елефтериос Карајанис вчера изјави дека на 6 јуни 1993 година по иницијатива на тогашниот српски претседател Слободан Милошевиќ, Киро Глигоров (тогаш претседател на Македонија) го прифатил предлогот Словенска Република Македонија, со националност Славомакедонци, јазик славомакедонски, идентитет славомакедонски.

„Тој ден Глигоров дојде невообичаено рано на работа. Ми го пренесе предлогот. Јас веднаш му реков дека е тоа многу неповолна варијанта за државата, дека тука имаме и Албанци, и Турци и Роми..., дека таквото име може да доведе до внатрешни поделби. Можеби Глигоров бил под притисок на Милошевиќ, јас тоа не го знаев. Киро ништо не ми кажа во врска со некаква средба со Милошевиќ на таа тема. Но сепак на крајот се согласи со оценката дека тоа решение може да доведе до сериозна дестабилизација не само во земјата, туку и во регионот“, вели Андов.

Подоцна дознавме дека ова не било прифатено од Андов, а потоа и бевме известени дека некоја странска влада се вмешала за да се спречи овој договор, изјавил Карајанис, почесен амбасадор и прв грчки преговарач во разговорите за името.

А.Д.

 

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе