ОД СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ

Американската политика кон Македонија не е променета

Политиката на САД кон Македонија не е променета, изјавил  официјален претставник на Стејт департментот во Вашингтон за Гласот на Америка на албански јазик по изјавата на американскиот конгресмен Дејна Рорабакер, кој во интервју за телевизискиот канал Визион Плус зборуваше за поделба на Македонија.

"САД гo признаваат и подржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија. Оваа позиција не е променета", рекол претставникот на Стејт Департменот.

Републиканскиот конгресмен Дејна Рорабакер, претходно изјави дека Македонија била пропаднат проект, па Албанците кои живеат таму треба да се приклучат кон Косово, а остатокот од Македонија да стане дел од Бугарија или дел од која било друга земја.

По коментарите на конгресменот Рорабакер, кој е член на Комитетот за надворешни работи и претседавач на Поткомитетот за европски прашања на Конгресот, Министерството за надворешни работи на Македонија соопшти дека таквите коментари ја разгоруваат националистичката реторика во соседните земји и го враќаат регионот во минатото. Обединетата македонска дијаспора, пак, го повика спикерот на Конгресот Пол Рајан и лидерот на мнозинството Кевин Меккарти веднаш да го разрешат Рорабакер од раководното место на комитетот, а претседателот Доналд Трамп да го предупреди Рорабакер за ваквите потпалувачки коментари.

 

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе

Ако државата е заробена, а институциите не работат - мислам дека е потребно да се употреби сценариото како со АВНОЈ и АСНОМ во Втората светска војна.

повеќе