И руската амбасада во Македонија на својата фејсбук страница го честита „празникот со големо историско значење за македонскиот народ – Илинден! Денеска заедно со вас со положување цвеќе на Мечкин Камен, во Пелинце и во Скопје ќе им оддадеме почит на славните македонски борци за слобода и независност! Честит Илинден! За многу години“, се вели во честитката на амбасадата на Руската Федерација во Македонија.







