Партиско соопштение

Алтернатива: Онлајн пописот не функционира, расте сомнежот за манипулации

Дијаспората започна да се сомнева дека пописот на населението е политички манипулиран бидејќи онлајн апликацијата не ги прифаќа матичните броеви, ги враќа граѓаните назад во целиот неуспешен процес. Ако Владата не ги отстрани проблемите ќе заклучиме дека пописот е целосно политички манипулиран, соопшти партијата Алтернатива.

„Од нашите сознанија од дијаспората, голем број од тие граѓани што сакале да се регистрират денеска онлајн, се соочуват со проблеми при регистрацијата. Техничките проблеми, враќање неколку пати во почеток на постапката за регистрација, не прифаќање на матичниот број и ред други проблеми, освен што предизвикуваат голем револт кај албанската дијаспора, создаваат и сомневање за манипулација со пописот", реагира опозициската партија Алтернатива.

Имајќи ја предвид оваа ситуација, како што се вели во соопштението, Алтернатива апелира до Државниот завод за статистика и до Владата веднаш да се одстранат сите технички пречки за онлајн регирстацијата и до тогаш да се пролонгира пописот.

„Ако и по сѐ оваа Влада не превземе ништо, можеме да заклучиме дека пописот е целосно политички манипулиран", се вели во соопштението на Алтернатива.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе