Алтернатива: Aко има морал Реџепи ќе го врати пратеничкиот мандат

Мандатите на пратениците на Алтгернатива од овој пратенички состав се добиени под логото и името на партијата, а не како на независни кандидати, затоа се надеваме дека пратеникот Скендер Реџепи ќе го врати пратеничкиот мандат во име на политичкиот морал и посветеноста на партиските структури кои му овозможија да станаа пратеник, соопшти Алтернатива како реакција на вчера донесената одлука на Реџепи да истапи од партијата.

„Бараме Реџепи да постапи правилно и да го врати мандатот за што Алтернатива ќе му биде благодарна и ќе му изрази благодарност и за досегашната работа во партијата и во Собранието“, велат од партијата.

Алтернатива истакнува дека одлуката на Реџепи нема да влијае на работата на пратеничката групат, ниту на парламентарното мнозинство, ниту пак во однос на учеството на Алтернатива во извршната власт.

„Но индикативно е неговото повлекување во моментот кога македонската опозиција организира протести против парламентарното мнозинство, на за ова прашање треба тој сам да даде одговор", додаваат од партијата.

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе