Ако Скопје и Софија постигнат договор, Франција ќе организира меѓувладина конференција, вели Дриан

Франција е решена, во случај на договор меѓу Северна Македонија и Бугарија, да организира меѓувладини конференции меѓу Европската Унија и Северна Македонија и Албанија, објави француското Министерство за надворешни работи и Европа, пренесува МИА од Париз.

Министерот за Европа и надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, како што се вели во соопштението на Кеј Д'Орсеј, на 11 мај, на маргините на министерскиот состанок на глобалната коалиција против ДАЕШ во Маракеш разговараше со неговиот македонски колега Бујар Османи за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија и ситуацијата во Украина по војната што ја започна Русија на 24 февруари.

„Францускиот министер ја подвлече целосната поддршка на Франција за постигнување балансиран и взаемно прифатлив компромис меѓу Бугарија и Северна Македонија“, се вели во соопштението.

Дриан потсети дека Франција е решена, во случај на договор, да организира меѓувладини конференции меѓу Европската унија и Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро за време на нејзиното претседавање со Советот на Европската унија. Францускиот министер, исто така ја повтори француската поддршка за европската перспектива на земјите од Западен Балкан и ја спомена организацијата во јуни, во рамките на француското претседателство со Советот на ЕУ, на конференција меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, која треба да придонесе за тоа.

 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе