Ако се отвори Уставот за Бугарите, Беса ќе инсистира на укинување на „20 отсто“ за Албанците

Доколку Уставот биде отворен во контекст на барањето на Софија, Движењето Беса соопшти дека ќе ги искористи сите собраниски механизми за да наметне укинување на „грдата терминологија за Албанците како прашање од 20 отсто“ и дека во новата формулацијата ќе мора да пишува само „албански јазик".

Беса преку соопштението истакнува дека го поддржува евроинтегративниот пат на Македонија и дека ќе даде поддршка на политички дејствувања од кој било вид, а кои се во насока да го помогнат процесот на интеграција на земјата во Европската Унија, но кои нема да имаат негативно влијание на интересите на Албанците во државата.

„Во однос на францускиот предлог за укинување на бугарското вето за Северна Македонија, сметаме дека е процес што ќе треба да се следи во чекор по чекор.

„Во однос на Уставот на земјата во согласност со промените што ќе се случуваат, Движењето Беса го потврдува ставот дека на следното отворање на Уставот ќе ги искористиме сите собраниски механизми за да наметнеме укинување на грдата терминологија за Албанците како прашање од 20 отсто кое треба да се замени со формучацијата „албански јазик", се вели во соопштението на Движењето Беса.

Од Беса велат дека во тој контекст преку своите пратеници во Собранието на Македонија ќе  имаат конструктивна улога, каков што имаат партиите од парламентарното мнозинство.

„Во однос на актуелната политичка состојба во државата, Движењето Беса уште еднаш ја изразува својата политичка конструктивност како опозициска партија за сите политички процеси во државата, но имајќи предвид дека актуелното политичко мнозинство го загуби легитимитетот зашто нивните политики се штетни за граѓаните, почнувајќи од лошото управување со енергетиката, економијата па до многу други сектори", информира Беса.

Беса порачува дека поради катастрофалните резултати на власта, треба што поскоро да се организираат предвремени парламентарни избори.

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе