Ако Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против внесување на Бугарите во Уставот, Македонија ќе биде блокирана за ЕУ, велат Ќучук и Ковачев

Ако ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски ја водат својата кампања со ставови против Бугарија и се противат на вклучувањето на Бугарите во Уставот, тоа ќе го блокира патот на Република Северна Македонија кон ЕУ, велат бугарските европратеници Илхан Ќучук и Андреј Ковачев.

„Процесот на преговори меѓу ЕУ и Република Северна Македонија се уште не е започнат, бидејќи се чека да заврши скринингот, кој ќе потрае извесно време. Од бугарското искуство знаеме дека тоа трае од година и половина до две години и мора да се дадат оценките за тој скрининг“, изјави Ќучук за софиската телевизија бТВ.

Според Ќучук, кој е и известувач на Европскиот парламент за земјава, „францускиот предлог“ за деблокирање на евроинтеграцијата на Македонија претставува предлог на Европската Унија, бидејќи е прифатен со консензус од сите членки на ЕУ, ја доби и потребната политичка поддршка, како во бугарското, така и во македонското Собрание.

Согласно „францускиот предлог“, преговорите на земјава по кластери и поглавја треба да почнат по завршувањето на процесот на скрининг, но и по вклучувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот во редот на останатите делови од народи што живеат во државата.

„За жал, во македонскиот Парламент, ‘францускиот предлог‘ беше прифатен само со гласовите на владејачките и дел од опозициските партии. Најголемата опозициска партија категорично се спротивстави на овој предлог и најави дека нема да гласа за измените на Уставот и вклучувањето на Бугарите во нивниот Устав. Ова, би рекол, е многу тажен развој на настаните“, додава Ќучук.

Ковачев во гостувањето на бТВ исто така кажа дека во македонскиот Парламент нема мнозинство за прифаќање на уставните измени и вклучување на Бугарите „како државотворен народ“ и ако Мицкоски и неговата партија тераат кампања против тоа, „Северна Македонија“ ќе биде блокирана.

 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе