Андреј Жерновски е за соработка

Ака сака Коце Трајановски гасификацијата можеме заедно да ја работиме

Градоначалникот Жерновски во интерес на граѓаните вели дека проектот за гасификација може да го реализираат во соработка со Град Скопје.

„Центар гас“ е новото претпријатие за чие формирање беше донесена одлука на седница на Советот на општината. Градоначалникот Андреј Жерновски вели дека  гасификацијата почнала од основното училиште „Димитар Миладинов“ и дека следни во проектот ќе бидат основното училиште „Гоце Делчев" и една градинка.

„Училиштето „Димитар Миладинов“ досега плаќаше 80.000 евра годишно за загревање, а сега со гасификацијата ќе плаќа 32.000, што значи заштедата само за ова училиште ќе биде 50.000 евра“, вели Жерновски.

 Тој одговори и на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, дека гасификацијата е нивен проект:

„Ако Коце Трајановски сака, можеме проектот заедно да го работиме, и се во интерес на граѓаните. Се договоривме да имаме средба и се надевам на коректна соработка. Владата вети во предизборието дека ќе помогне во изградба на училиштето во Капиштец. Не знам што би се сменило ако градоначалникот е од друга политичка опција. И Владата и сите треба да работиме во интерес на граѓаните. Очекувам средба со министерот за образование и да се договориме. Набрзо ќе го отвориме тендерот за идејно решение на училиштето“, изјави Жерновски.

 

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе