Пратеничка изјава

Ајде да не ги сфаќаме сериозно игрите во ДУИ, заднината е друга, вели Снопче

Пратеникот на Алијансата за Албанците, Халил Снопче, изјави дека не треба сериозно да се сфаќаат судирите во ДУИ, бидејќи се сомнева дека, како и во минатото така и сега, станува збор за игри заради политички придобивки.

 „И не треба да ни е гајле што тоа се случува во ДУИ, всушност тоа си е нивен внатрешен проблем. Тоа што е непобитен факт е дека вакви разговори постоеле и претходно во ДУИ. Поточно, тие поединци кога не се избрани за избори или функции, се незадоволни и се групираат. Но, пред избори пак се обединуваат“, изјави Снопче за Лајм.

Тој додава дека и порано имало „огнена група“, но дека кога требало да се носи голема политичка одлука, како на пример за пописот на населението, гласале како што гласала ДУИ.

„Доколку држеа до принципите, ќе се приклучеа кон иницијативата против одложување на пописот што го бараа СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тоа беше на штета на Албанците“, изјави пратеникот Снопче.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе