Ахмети: Заев ја ризикува својата кариера со најдобра намера за земјата

Верувам дека ова е ризик и лична жртва на Заев, кој ја ризикува својата политичка кариера да ги каже работите така директно, со најдобра намера за земјата, државата и нашите граѓани, изјави претседателот на ДУИ Али Ахмети, во врска со интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС.

„Во оваа ситуација, ние секако ќе се солидаризираме со нашите македонски сограѓани и никогаш не сме спореле за ништо, било за јазикот или историјата, затоа што нашите судбини биле исти, окупаторите ни беа исти и жртвувањата ни биле заеднички, заеднички да бидеме слободни во овие простори. Ние сакаме решение што е можно побрзо, да не бидеме под влијание на емоциите, да не влегуваме во фолклоризмот, но да бидеме рационални и разумни за да го решиме ова прашање што е можно побрзо. Верувам дека ова е ризик и лична жртва на Заев, кој ја ризикува својата политичка кариера да ги каже работите така директно, со најдобра намера за земјата, државата и нашите граѓани“, рече Ахмети.

Тој ова го кажа на новинарско прашање по свечената академија по повод Денот на албанското знаме.

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе