Почнуваат позиционирањата

Aхмети за проектот „прв Албанец премиер“ поддршка ќе бара и од Касами, и од Села, Тачи, Гаши...

Заеднички ќе го процениме резултатот од изборите и ќе размениме мислења, напиша Али Ахмети, претседателот на ДУИ на својот фејсбук-профил. Размената на мислења се однесува на разговори со првите луѓе на политичките партии на Албанците во Македонија, а овој пост е илустриран со фотографија од 2016 година кога во Тирана беше потпишана Тиранската платформа.

Во тек се разговори на Ахмети со лидерите на партиите на Албанците во Македонија, а најавени се и средби. Ахмети напиша дека вчера телефонски разговарал со претседателот на ДПА Мендух Тачи и со претседателот на Беса, Билал Касами. Тој најави разговори и со претседателите на другите албански партии Африм Гаши, Зијадин Села и Весел Мемеди.

„Заеднички ќе го процениме резултатот од изборите и ќе размениме мислења“, напиша Ахмети на Фејсбук.

Очигледно е дека лидерот на ДУИ се обидува уште повеќе да ги засили позициите пред почетокот на преговорите со Зоран Заев и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за новата влада.

Насер Зибери, кандидатот на ДУИ за прв премиер Албанец на Македонија открива дека на најавените средби ќе се разговара за тоа сите албански партии да застанат зад неговата кандидатура за премиер на Македонија.

„Со 15 мандати, ДУИ станува уште помоќна за почеток на преговори со македонските партии. Како што кажавме, оваа идеја е поголема од ДУИ и од која било друга партија. Затоа сакаме да ги обединиме и вклучиме сите албански партии, особено сите граѓани во нашата национална кауза. Али Ахмети и Демократската унија за интеграција веќе контактираа со другите албански партии за сериозни разговори за поддршка на идејата за албанскиот премиер кој ќе работи за сите граѓани и државата воопшто. Причината поради која ни верувавте и гласавте без партиска боја, оставајќи ги партиите настрана, ни дава храброст и надеж за исполнување на обврската“,  напиша Зибери на својот фејсбук-профил.

 A.Д.

https://www.facebook.com/AliAhmetiOfficial/posts/3105178099518703

https://www.facebook.com/kryeministrishqiptar/posts/124212916010617

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе