Преговори за нова извршна власт

Ахмети: Сакам Заев да ми каже зошто не може Албанец да биде премиер, уште нема договор со СДСМ

Ние работиме со ладна глава и огнено срце, изјави денеска лидерот на Али Ахмети и додаде дека деновиве продолжуваат работните средби со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на „сакам да ги слушнам аргументите зошто Албанец не би можел да биде премиер“.

Ахмети вели дека ДУИ не се откажува од барањето за прв премиер Албанец и дека и тоа е дел од барањета во преговорите за коалиција.

„Сакам да слушнам аргументација по оваа прашање, отворени сме да дебатираме, зошто не премиер Албанец. Ако излезат со некој силен аргумент, тука сме да го разгледаме. Отворено е ова прашање, но ќе кажам колку сме блиску, толку сме далеку од договор. Нормално дека преговараме и ги изнесуваме нашите ставови на маса, но не би сакале да се крева еуфорија и емоции околу оваа прашање. Не би сакале да ја оптоваруваме јавноста и со шпекулациите за моделот 2 години со 2 или 3 со 1“, рече Ахмети и додаде дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ е невозможна затоа што може да предизвика мултиетнички тензии.

Заев денеска по добивањето на мандатот за формирање на нова влада изјави дека со Али Ахмети попладнево ќе има нова средба.

„Сите знаете дека ДУИ е фактор на стабилност во државата. Ние никогаш не делуваме со притисок, туку ќе изнајдеме правилен пат да послужиме на државата. Да ги надминеме сите потешкотии со кои се соочуваме. ДУИ делува и работи со ладна глава и огнено срце. Сѐ што ќе преземеме во иднина ќе биде во корист на сите, од најмало, до најстаро. Убеден сум дека дека ДУИ е сила која може да биде отстранета. Изборната кампања да ја оставиме зад нас. Уште нема договор меѓу нас и СДСМ“, истакна Ахмети.

Ахмети денеска на годишнината од потпишувањето на Охридскиот Рамковен договор ги повика лидерите на парламентарните партии на Албанците на средба, но тие не дојдоа во скопскиот хотел Парк. Ахмети искажа разочарување што тие не дошле на овој ден, кога се одбележува годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. 

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе