Ахмети, придружуван од својот сопартиец Артан Груби, во општината Липково рече дека за него беше најдобро со посета на Липково да се започне со одбележувањето на Денот на албанската азбука.
„Тоа е местото кое ѝ даде многу на националната кауза“, нагласи Ахмети.
Тој посади дрвце на „Плоштадот на мачениците“ во Матејче, им одаде почит на борците од ОНА на селските гробишта, а потоа го посети регулираното речно корито.
„Мора сите напорно да работиме за унапредување на животот во секое место во државава“, нагласи лидерот на ДУИ.
Во врска со преговорите за влез на Алијанса за Албанците во Владата Ахмети рече дека нема ништо конкретно на тој план зашто „станува збор за почетни средби на кои ништо не е дефинирано“. Според него, влегувањето на Алијанса би значело придонес за стабилноста на стабилност на парламентарното мнозинство, „доколку има позитивен епилог целиот процес".