Ахмети до Мицкоски: Граѓаните се тие кои одлучуваат за судбината на политичките партии во државата

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети порача дека граѓаните се тие кои одлучуваат за судбината на политичките партии во државата и одредуваат кој ќе ја има одговорноста да владее. Неговата реакција се однесува коментарот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој пред два дена за време на телевизиско гостување кажа дека правилото за коалицирање победник со победник не важи од оној момент кога Ахмети одлучил да направи влада со Зоран Заев.

Според Ахмети ова не е нешто ново, туку е веќе видено, иако со различни актери.

Во објава на социјалните мрежи, лидерот на ДУИ напиша дека гласот на граѓаните во едно демократско и мултиетничко општество е свет и одлучувачки и тоа мора да го почитуваат сите чија цел е еден ден да преземат одговорност и да ја водат државата.

„Правилото победник со победник заврши оној момент откако Али Ахмети одлучи да направи влада со Зоран Заев. Тоа правило е веќе категорија која е во историјата на македонската политика и никој нема ниту морално, ниту суштинско право да го поставува тоа барање“, изјави пред неколку дена претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во „Клик плус" на ТВ21.

Тој беше дециден дека ДУИ треба да оди во опозиција, додавајќи дека тие се предолго на власт и со преголем комфор. За Алтернатива рече дека ќе заврши без успех.

Според него, откако лидерот на Алтернатива, Африм Гаши „сменил дрес" и одлучил да оди во друга екипа нивните политички гледишта за многу прашања им се различни.

„Ако ме прашувате дали оставија впечаток, простете но досега не видов такво нешто“, оцени Мицкоски.

Тој додава дека знаел оти ќе дојде ден кога ќе се „обезличи таа политичка структура"

„Жалам што политичката филозофија на таа политичка опција која, во самото име да биде Алтернатива на ДУИ, ќе заврши како проект кој што е неуспешен“, рече тогаш Мицкоски.

Според Мицкоски, формирањето влада треба да се води според програма и врз основа на тоа да се бираат политичките партнери.

 

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе