Ахмети ги кани на средба Гаши, Касами, Села и Тачи на годишнината од Рамковниот договор

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети испрати покана до претседателите на парламентарните партии на Албанците за заедничка средба на денот на годишнината на Рамковниот договор.

Како што соопштија од ДУИ, поканети се Африм Гаши од Алтернатива, Билал Касами од Беса, Зијадин Села од Алијанса за Албанците и Мендух Тачи од Демократска партија на Албанците (ДПА).

Средбата би се одржала напладне на 13 август во хотелот Парк во Скопје.

„Се надеваме дека поракава ќе ве најде здрави и добри. Ве молиме да не информирате околу вашата подготвеност за оваа заедничка значајна средба“, пишува во поканата од ДУИ.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе