Реакција

Аџиев: Уривање на правниот систем, наследниците на лустрираните се сега во власта и бараат поништување

Владиниот предлог закон за поништување на процесот на лустрацијата значи уривање на правниот систем, вели во својата реакција поранешниот претседател на Комисијата за лустрација Томе Аџиев.

„Поништувањето на лустрацијата значи уривање на целиот правосуден систем. Оваа постапка не ме  изненадува, ама ме загрижува, затоа што со ова власта остава простор во иднина секоја власт да си носи и урива системски решенија со кои дополнително ќе се разниша правосудството. Нека му ја мислат тие што се денеска на власт што прават со системот, заради задоволување на тесни интереси уриваат цел систем. Утре некому ќе му текне да донесе закон за поништување на некоја судска пресуда каде што вие имавте спор за вашата недвижност, и ќе ја изгубите куќата затоа што на некој му се бендисала вашата куќа. Страшни работи се овие, не се свесни овие што прават со правосудниот систем“, вели Аџиев.

Ако Собранието го изгласа новиот предлог закон усвоен на вчерашната владина седница, сите решенија на Комисијата за верификација на фактите, формирана во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, стануваат ништовни. Лицата кои беа опфатени со лустрацијата ќе имаат право и на обештетување од државата.

Аџиев додаде дека гарнитурата наследници на лустрираните „кодоши и наредбодавци“ се сега во институциите и со ова бараат да си го измијат образот.

„Деведесет проценти од тие предмети, жртвите на тие дејства си ги имаат досиејата дома, си знаат кои биле кодоши, и тоа не можат да го избришат од меморијата. Ме чуди уште една работа, како некому не му падна на памет да ги поништат досиејата, и тоа можеше да се случи, да му падне на памет на некој многу мудар“, вели Аџиев.

Премиерот Зоран Заев вчера по владината седница изјави дека со ова се отстрануваат последиците врз луѓето кои биле жртви на овој процес.

„Нарачаните процеси од т.н. лустрација ќе останат само лоша меморија од времето на режимот“, напиша Заев на Фејсбук.

Денеска реагираше и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кој смета дека со предлог-законот за поништување на лустрацијата СДСМ се става во заштита на кодошите.

„Сметам дека тој процес беше потребен, беше праведен, многу жртви во годините на комунизмот настрадаа, наши дедовци наши прадедовци основачи на ВМРО-ДПМНЕ, но не и само ВМРО, туку и други интелектуалци, луѓе, слободно мислечки демократи кои сакале демократски систем и сметам дека најмала сатисфакција за тие луѓе што можеше да се случи е да се знае кој неправедно ги кодошел и зошто ги кодошел,“ изјави Николовски.

За ВМРО-ДПМНЕ лустрацијата е процес за расчистување со темното „удбашко минато“ на државата. СДСМ овој процес секогаш го квалификуваше како прогон на политички неистомисленици. 

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе