Денеска и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски изјави дека ДУИ само ќе изврши замена на кадрите во Владата.
Пред три дена ДУИ донесе одлука да ја напушти Владата, а сите наредни одлуки претседателството на партијата ги пренесе на лидерот Али Ахмети, кој сега ги има сите овластувања во однос на наредните партиски чекори. Вчера сите министри и заменици министри членови на ДУИ поднесоа оставки.
Во вчерашното официјално соопштение на ДУИ се вели дека причина за оваа одлука се објавените аудио снимки во кои се слушаат гласови на високи функционери на ДУИ.
Во понеделник Собранието ќе треба да ги констатира оставките на министрите и замениците министри од ДУИ.
„Одлуката за следните чекори на Демократската унија за интеграција по повлекувањето на нашите министри и заменици министри е екслузивно само во рацете на претседателот Али Ахмети и според Статутот, но и според одлуката на претседателството - одлуката е само негова и на никој друг“, напиша попладнево на Фејсбук пратеникот на ДУИ Артан Груби.