Прес-конференција на ДУИ

Адеми: Алијанса и Беса се патерица на ВМРО-ДПМНЕ и Левица и им стојат „во став мирно“

ДУИ ќе ги заштити Албанците од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алијанса за Албанците и Беса, која работи против двојазичноста во Скопје, а која е уставно загарантирана, изјави шефот на пратеничката група на интегративците Арбер Адеми, за што како пример го посочи Културно информативниот центар (КИЦ) на Град Скопје. Тој додаде дека оваа коалиција го активира проектот „Скопје 2014“ со изградба на нови крстови. 

Албанскиот јазик е официјален во државата согласно Охридскиот договор и Уставот. Но тоа не ја засега коалицијата ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алијанса за Албанците, Беса која својето штетно дејствување, како последен пример, го демонстрираат во Културно инфомративниот центар (КИЦ) во рамки на Град Скопје. Директорот наместен од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алијанса за Албанците, Беса предизвика многу реакции и незаконски го исфрли албанскиот јазик од институцијата, преку што е демонстрирано и незнаењето и неспособноста на партии на Албанците од таа коалиција, но и е прекршен законот. Тоа е сценарио за предизвикување меѓуетнички тензии, и тоа во време на војна во Украина. Тоа е сценарио кое оди во прилог на Русија, како што беше и сценариото на 'мнозинството 61', таа коалиција намерно предизвикува омраза. Скопје е двојазичен град и мултиетнички град“, рече Адеми.

Но, и тоа не е доста, рече пратеникот и додаде.

„Левица, Алијанса, Беса, ВМРО-ДПМНЕ намерно предизвикуваат омраза и тензии, суспендирајќи ја двојазичноста. Тие ја заменија Сермине Пурини со Ангел Димитров, а Ардијан Муча со Ангеле Сотировски. Тие се свртеа кон изградба на крстови од 'Скопје 2014', наместо училишта и болници. Провоцираат штрајкови и ги оставаат децата без образование по пандемијата и во криза во Европа“. 

Според Адеми, тоа е една немоќна коалиција и оцени дека Алијанса и Беса „стојат мирно“ пред Левица и ВМРО-ДПМНЕ“ и, како што се изрази, тие две партии се „патерица на ВМРО-ДПМНЕ и Левица“.

„Коалицијата избрка десетици Албанци од претпријатијата на Град Скопје. Вчера нестатутарниот претседател на коалицијата Зијадин Села излезе за закон за игри на среќа,а всушност го блокираат законот десет месеци. Опашката на Алијанса и Беса им е фатена со изборите во Гостивар и Тетово. Албанците не треба да се загрижени,зашто ДУИ е тука за да не дозволи да им се наштети на Албанците“, нагласи Адеми.

На прашањето дали поради бугарската провокација во Битола со отворањето на клуб „Ванчо Михајлов“, а со дозвола од македонската Влада, во ДУИ се дискутира за оставка на министерот Бујар Османи, Адеми одговори со категорично не:

„Време е да се однесуваме државнички, да мислиме патриотски за државата за да оди напред со изнаоѓање на решенија. Ниту се размислувало, ниту се дискутирало за оставка на Османи“.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе